Болестите можат да се препознаат по мирисот на телото и здивот: Здивот на луѓето со дијабетес мириса на ацетон…

Може ви звучи неверојатно но мирисот на телото и здивот може да биде знак на некоја болест. Ова го тврдат научниците во две посебни студии на шведскиот институт Каролинска и американскиот Центар за сетила Монел.

Здивот на луѓето со дијабетес мириса на ацетон, додека кај оние со болести на црниот дроб мириса на сирова риба.

Луѓето најчесто не можат да ги почувствуваат тие мириси, но можат да препознаат претерана работа на имунитетот. Научниците веруваат дека мирисите на болестите во иднина ќе ги препознаваат т.н. електронски носеви,  а пример за еден таков тест на дишење веќе помага во откривање на рак на дојка.

Телото секојдневно испушта различни мириси, но болеста ги менува, па канцерогените клетки испуштаат поинакви хемикалии. Тоа резултира со промена на мирисите.

“Веќе со години луѓето зборуваат дека во близина на пациентите кои боледуваат од рак, чувствуваат непријатен мирис. Една пациентка која и сама боледувала од рак на бели дробови успеала да “намириса” рак на простата кај својот сопруг”, истакнал д-р Џорџ Прети од Центарот за сетила Монел.

Освен “електронските носеви”, кучињата веќе со години помагаат во побрзо откривање на ракот на бели дробови и дијабетес. Тие се големи помагачи и во откривањето на рак на јајници, па иако студиите се уште во зачетокот, кучињата со 90 отсто точност можат да го намирисаат тој тип на карцином.

Покрај кучињата, истата способност ја поседуваат и овошните мушички, чии пипала во близина на пациенти кои боледуваат од рак се однесуваат поинаку.

Како мирисаат одредени болести?

– Здивот кај заболените од дијабетес мириса како отстранувач на лак за нокти.

– Мирисот на луѓе кои имаат проблеми со црниот дроб потсетува на сирова риба.

– Кај уринарните инфекции, урината мириса на амонијак.

– Луѓето со рубеола имаат мирис на свежо искубани пердуви од живина.

– Потта на шизофреничарите мириса на оцет.

– Тифусот потсетува на мирис на свежо печен леб.

– Воспалението на лимфните јазли мириса на застоено пиво.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.