Бил Гејтс со ново предупредување: Идната пандемија ќе биде полоша од Ковид-19

Ако ги научивме лекциите на ковид-19, сега е време да започнеме да размислуваме како да ја спречиме следната пандемија – рече тој, додавајќи дека неактивноста не е одговорот.

Со право или не, во последните месеци сопственикот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс е идентификуван како главен осомничен за избувнување на новата пандемија на коронавирусот, бидејќи уште во 2015 година американскиот тајкун го предупреди човештвото да се подготви за разурнувачки вирус.

Сега славниот милијардер предвидува кога да ја очекуваме следната пандемија, за која вели дека ќе биде уште полоша од ковид-19. Во својот личен блог, Гејтс пишува дека следната погубна пандемија за човештвото ќе бидат климатските промени.

– Иако целиот свет во моментов работи на ограничување на ширењето на новиот коронавирус и да започне со нејзино закрепнување, ние мора да започнеме да работиме денес за следната ваква пандемија, која се очекува да биде од климатските промени. Ние мора да бидеме иновативни за да се стави крај на штетните емисии на гасови или ќе се соочиме со еколошка катастрофа. Со други зборови, ако не постапиме сега, до 2060 година, човечката смртност од климатските промени ќе биде толку голема како што е сега од ковид-19. Сепак, до 2100 година, смртноста ќе биде пет пати поголема, коментира Бил Гејтс.

– Ако ги научивме лекциите на ковид-19, сега е време да започнеме да размислуваме како да ја спречиме следната пандемија – рече тој, додавајќи дека неактивноста не е одговорот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.