Со години наназад диетата без глутен e една од најпопуларните. Викторија Бекам, Гвинет Палтроу, Мајли Сајрус, па дури и Новак Ѓоковиќ се дел од познатите што се приклучија кон ваквиот тренд.
Но, колку е навистина оваа диета добра, што значи тоа за нашиот организмот и некои други актуелни прашања, следат во продолжение:
Зошто глутенот одеднаш стана непосакуван во исхраната, па дури и опасен?
Поради честото, секојдневно консумирање житарки богати со глутен, како и производите што во својот состав содржат глутен, сè почеста е пречувствителноста на организмот на овој протеин. Затоа, кај некои личности тој знае да биде токсичен и може да предизвика три различни пореметувања: хронична автоимуна болест, алергија на пченица и чувствителност на глутен. Причините се наоѓаат и во сменетите прехрамбени навики на луѓето, производството и обработката на храна. Поради брзиот начин на живот, често посегнуваме и за брза храна, полуготови јадења, кои често содржат глутен, а таквата претерана употреба го оптоварува и организмот со овој протеин.
Што е безглутенска диета?
Се смета дека безглутенската исхрана претставува здравствена терапија која ја користат луѓето со разни облици на чувствителност на глутен. Тоа е всушност елиминација на глутен од исхраната, односно исклучување на сите производи што содржат глутен, а тоа се најчесто житарки (пченица, овес, рж, јачмен). Во здравата безглутенска диета би требало пред сè да се консумираат што повеќе чисти и „соголени“ намирници, а што помалку тесто, леб и други видови јаглехидрати. Значи, треба да се јаде што повеќе зеленчук, дозволени житарици (како пченка, хељда, ориз и сл.), протеини (месо и риба), свежо овошје, млечни производи, јаткасти плодови… Исхраната треба да биде разноврсна.
Дали безглутенската исхрана е сосема здрава и препорачлива за сите или постојат околности кога може да биде и штетна?
Глутенот како протеин не е есенцијален за да мора на било кој начин да се применува во исхраната, а аминокиселините што го сочинуваат се заменливи со други прехрамбени извори. Затоа, со ифрлувањето на глутенот од исхраната нема да си штетиме на здравјето, но правилната безглутенска исхрана подразбира со исфрлувањето на глутенските намирници да се внесуваат адекватни замени. Со неадекватно исфрлување на големо количество намирници што содржат глутен, може да дојде до нутритивни и енергетски губитоци, што ќе го влошат нашето здравје.
Какви ризици носи ваквата исхрана?
Најчестиот ризик е неоткриен здравствен проблем со внесување на глутен кој со преминување на безглутенската исхрана се прикрива.Тоа е најголем ризик кај натешкиот облик на неподносливост на глутен – целијакија. Важно е да се знае дека при сомневање на целијакија не се преоѓа на безглутенска исхрана пред да се заврши дијагностичката постапка. Често иницијално резултатите се негативни, но лажно негативни, па неоправдано се прекинува со понатамошното дијагностицирање, со што болниот се изложува на ризик од разни компликации.
Дали исхраната без глутен содржи скриени калории што предизвикуваат дебелеење?
Денеска е присутен трендот на преминување на безглутенската исхрана поради слабеење, но соодветната исхрана и вежбите се најдобриот начин да дојдете до саканата тежина. Неправилната безглутенска исхрана може да предизвика гојазност. Иако некои намирници се без глутен, нивната калориска вредност останува иста како и кај оние со глутен. Секој што нема проблем со глутен, а сака да се префрли на овој начин на исхрана, треба да се посоветува со доктор или нутриционист. Неупатените можат да постигнат и спротивен ефект. Глутеинот не е виновник за дебелеење.
Дали готовите безглутенски производи се поздрави од глутенските?
Тоа е тврдење кое често се споменува, а е сосема неосновано – безглутенско не е исто што и нискокалорично, ниту поздраво. Готовите, индустриски безглутенски производи (бисквити, леб, грицки итн.) се посиромашни со влакна, витамини (особено витамин Б), железо, калциум, цинк, а се покалорични и имаат поголем гликемички индекс. Често се направени од високорефинирани брашна и скроб што немаат речиси никаква нутритивна вредност. Содржат повеќе масти и шеќери, адитиви и емулгароти, кои во недостаток на глутен се користат за да го поправат вкусот и текстурата на производот од безглутенски состојки.
Само уште една трендовска диета?
Пред 20-тина години никој не зборуваше за глутенот, а сега тоа е топ тема во областа на здравјето и исхраната. Трендот започнува пред 10-тина години, а посебно се популаризира опткако светските ѕвезди почнаа да го следат и да го слават како нешто што им помага за да ја одржат идеалната тежина. Тоа доведува до голем број следбеници. И пред да започнете со било што, сетете се дека сите познати личности имаат тренери со кои секојдневно вежбаат и внимаваат на внесот на храна. Всушност, она што треба да го направите е да се консултирате со доктор или нутрициоист, да почнете да се движите и да му посветите време на своето тело.