Бесплатни прегледи на децата со говорни проблеми

Под мотото „Да им помогнеме на децата со говорни проблеми”, здружението „Интеракција плус” од Скопје организира нова голема акција, која ќе трае до 5 февруари оваа година.

Здружението „Интеракција плус“ организира бесплатни логопедски и дефектолошки прегледи на деца од сите возрасти, а посебен акцент ќе биде ставен на децата и учениците.

Прегледите вклучуваат логопедска и дефектолошка дијагностика и проценка од страна на дипломирани логопеди и дефектолози со помош на најсовремени дијагностички методи и помагала.

Целта на акцијата е да не остане непрегледано ни едно дете и да има што помалку деца со говорни и други проблеми, велат од здружението.

За закажувања и дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да се обратат на телефоните: (071) 973362 и (078) 245484, секој работен ден од 13-20 часот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.