Бебињата слушаат и кога спијат!

169

Детскиот мозок е осетлив на промените во тоналитетот дури и кога спијат, покажува студијата на универзитетот во Орегон во која биле анализирани бебиња од 6 до 12 месеци. Во испитувањата биле вклучени 20 бебиња. Студијата покажала дека караниците во близина на бебињата посебно меѓу родителите предизвикуваат стрес уште од најмала возраст.
Честата изложеност на викотници може да го забави менталниот разбој на детето дури и ако спие за време на караницата, се наведува во студијата.
Научниците користеле магнетна резонанца за да го снимаат мозокот на бебињата додека спијат. Додека во сонот слушале разговори со нормален или весел тон нивните мозочни активности биле нормални, а пак кај гласните и вознемирувачки звукови била забележана атипична активност на нивниот мозок, објаснува авторката на студијата Алис Грејам.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.