Бебето на починатата родилка во Санте Плус е на респиратори на Детска клиника!
Родилка од Кичево починала во приватната болница Санте Плус за време на царскиот рез. За 31 годишната жена на која ова и било прва бременост, фатална била анестезијата од која, како што дознаваме, настанале компликации кои биле фатални за пациентката. Неофицијално, од приватната болница каде родилката претходно не била лекувана, велат дека не можела да дише и лекарите се обидувале да ја спасат. Дошло до затворање на дишните патишта а во едночасовната битка имала и застој на работата на срцето. Одлучиле да ја префрлат на КАРИЛ, но од оваа здравствена установа за Сител потврдија дека жената била мртва кога стигнала кај нив.
– Од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување велат дека родилката била донесена мртва, без срцева акција и со проширени зеници. Бидејќи се работело за млад живот, тимот анестезиолози очајнички се обидувале да ја реанимираат, но безуспешно.
Откако не успеале да и помогнат на родилката, тимот од Санте Плус го извадиле бебето кое кога дошло на свет, според информации на Сител немало срцева акција па и него го ренаимирале. Веднаш го транспортирале на Клиниката за детски болести на одделот за интезивна нега.
– Во четвртокот е примено машко бебе со родилна тежина од 3300, веднаш е поставено на респиратор бидејќи е донесено во многу критична состојба. Сега е стабилизирано но и понатаму е во тешка состојба и ние постојан ого следиме и понатаму ќе видиме дали има компликации, вели др. Кети Ставриќ, директор на Клиника за детски болести
Починатата родилка, според информациите од социјалните мрежи била стоматолог и потекнувала од лекарско семејство. Била погребана вчера во Кичево, а од Институтот за судска медицина се уште немаат официјални податоци која е причината за смртта на младата жена.