Аутизмот се поврзува со токсичните метали во крвта!
Аутизмот поврзан со токсичните метали во крвта. Истражувањето што го направил тим од Државниот универзитет во Аризона, покажал дека децата со аутизам имаат значително повисоко ниво на многу токсични метали во крвта од децата кои немаат аутизам. Истражувачите ја тестирале крвта и урината на различни токсични тешки метали кај 99 деца на возраст од 5 до 15 години. 55 дена имале аутизам останатите не. Групите биле класифицирани п овозраст и пол. Резултатите покажале дека децата со аутизам имаат за 41 посто повисоко ниво на олово во крвта. Нивото на волфрам во урината бил за 44 посто повисок а талиум за 77 отсто повисок. Калајот бил за 115 проценти повисок од вообичаеното. – Знаевме дека изложеноста на олово ги тера луѓето да изгубат IQ поени, а очигледно е дека тоа може да предизвика аутизам – вели водечкиот истражувач во студијата.
Иако аутизмот поголем број од експертите го третираат како наследно заболување, се повеќе има докази дека постои врска помеѓу различни еколошки фактори, како токсични изложеност, и појавата на аутизмот.