Асимптоматски се двата тетовски случаи со делта сој

42

Без симптоми се двете лица од исто семејство од Тетово кај кои е откриен делта сојот на Ковид-19, информираат денеска од тетовскиот Центар за јавно здравје. Освен што немаат никакви симптоми од болеста, карактеристично е што кај нив случајно е откриено присуство на коронавирусот кој е од најновиот делта сој.

-Двете лица се од исто семејство и правеле ПЦР тест за да се вратат во Германија каде што работат и живеат.  При тоа е откриено дека имаат Ковид-19 и дека е од делта сој. Двајцата се асимптоматски случаи и е постапено според соодветната процедура, ставени се во домашна изолација. Контактите, другите членови од семејствтото што се кажани се исто дома во изолација и сите се следат секојдневно, изјави епидемиологот во Центарот, д-р Сузана Субашиќ.

Во Тетово има 24 активни случаи на болни со Ковид-19, а во Клиничка болница нема луѓе кои се на болничко лекување.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.