Еден ден без кафе е незамислив за многумина.
Но, дали знаевте дека премногу кафе буквално може да ве убие?
Тоа беше објаснето од страна на научниците чија работа беше следена на каналот ASAPScience. Во едно видео се анализираат интересни, но често и опасни ефекти на кофеинот врз човечкиот мозок.
„Постои смртоносна доза на кофеин и изнесува околу 150 милиграми кофеин по килограм од вашето тело“, рече Мичел Мофит, основач на каналот.
„Значи, ако имате 70 килограми, 70 шолји кафе за вас би можеле да бидат фатални“, објасни Мофит.
Иако бројот на чаши може да варира во зависност од видот на кафето кое го пиете, но и начинот на кој го подготвувате, станува збор за количина што би било тешко да се испие.
„Физички, не можете да внесете толку многу течност во вашиот стомак. Исто така, ќе почнете да се однесувате манично или да халуцинирате“, рече Мофит.