Научниците тврдат дека женските раце, во овој период од годината, се поладни од машките. Поради тоа и жените и децата би требало, во текот на зимата, почесто да ги чуваат рацете во џеб или да носат ракавици, бидејќи имаат помала мускулна маса која ја генерира топлината и ја одржува телесната температура.
Научници од Универзитетот во Кембриџ тестирале доброволци, држејќи ги нивните дланки три минути во ладна вода. Рацете на оние кои имале повеќе мускули, се загреале значително побргу, покажале снимките на термалните камери.
Ова откритие ги изненадило експертите, бидејќи тие досега претпоставувале дека маснотиите биле поважни при загревање на ладните раце. Научнците сметале дека масните клетки се однесуваат како изолатор, но мускулите се тие кои имаат клучна улога во одржување на топлина во телото.
Главната авторка на истражувањето, кое го спроведувале тим на биолошки антрополози, Стефани Пејн, вели дека свеста за „ефектите на телесната композиција“, околу тоа колку ни се ладни рацете, е од пресудно значење.
Ова истражување, објавено е во магазинот American Journal of Physical Anthropology и е прво кое успеало да доведе 114 доброволци, стари меѓу 18 и 50 години, и да ги убеди да ги стават своите раце во ладна вода.