Жените наутро потешко се будат од мажите бидејќи им треба повеќе сон, покажало најновото истражување спроведено во САД.
Научниците го анализирале спиењето кај 210 лица и откриле дека по подеднакво време поминато во сон, жените наутро покажуваат непријателско и гневно однесување, за разлика од мажите.
Научниците од универзитетот Дјук во Северна Каролина заклучиле дека разликите во хормоните се причина за подолг сон кај жените.
Според експертите, жените имаат ментални и физичкии последици доколку не се наспијат бидејќи им е потребно повеќе сон за да одржат хормонална рамнотежа.
Според лидерот на истражувањето Едвард Суарез, резултатите покажале дека лошиот сон, кој се мери со вкупниот број часови поминати во спиење, со времето во будна состојба во текот на ноќта и како најважно времето кое е потребно лицето да потоне во сон, има сериозни последици врз здравјето на жената отколку на мажот.
Утврдивме дека кај жените лошиот сон е поврзан со високи нивоа на психолошки стрес, и со силно чувство на непријателство, депресија и лутина.
Истражувањето покажало и дека веројатноста жените да развијат срцеви болести, депресија и психолошки проблеми поради лошиот сон е поголема отколку кај мажите.