Со помош на овој природен тоник на база на лимон и пиво, можете брзо да ги отстраните трагите од замор, да го затегнете лицето и да изгледате посвежо.
Измешајте сок од половина лимон со две лажици ладно светло пиво и нанесете го тоникот на лицето.
После 20 минути измијте се со студена вода. Тоникот е идеален за масна кожа, користете го два до три пати неделно, најдобро навечер, пред спиење.
После една недела ќе забележите дека кожата ви е поубава, помека и свиленкаста на допир.