Без спиење може да живееме 11 дена, а притоа со секој ден без сон се зголемува ризикот од смрт и последици по квалитетот на живеење.
Сонот е една од најважните човекови потреби, а токму таа најчесто ја занемаруваме и не внимаваме на траењето и квалитетот на сонот.
Лекарите и истражувачите со години го испитуваат човечкиот мозок, но никогаш точно не ги одредиле последиците од недостатокот на сон.
Сепак, во едно данско истражување од 2013 година, истражувачите се обидоа да ја откријат мистеријата врзана за сонот. Вака функционираат нештата: нашиот мозок се храни со енергија од крвта, а сѐ додека се пумпа крв, мозокот станува „потежок“. Додека спиеме, одредени делови од мозокот не функционираат и намалената потрошувачка на енергија го намалува оштетувањето на нервите.