Сите оние кои страдале од хормонални нарушувања, знаат дека губењето на косата е еден од најчестите симптоми. Се чини дека хормоните контролираат буквално сè во нашето тело.
Ова се четирите хормони кои се најмногу поврзани со опаѓањето на косата:
Тестостерон
Тестостеронот често е поврзан со ќелавоста кај мажите. Ова поточно важи за типот дихидротестостерон, кој предизвикува заслабнување на фоликулите и опаѓање на влакната. Покачувањето на тестостеронот кај жените исто резултира со опаѓање на косата со различни интензитети.
За да се намали овој ефект, потребно е во исхраната да се вклучи храна богата со растителни влакна, како што се овошје, зеленчук и цели житни зрна.
Тироидни хормони
Тироидните хормони се одговорни за метаболизмот, но и се тесно поврзани со квалитетот на влакната на косата, особено кај жените. Најчести симптоми на хипотироидизам се сувата коќа, кршливите нокти и губењето на косата.
Ако резултатите од испитувањето на тироидните хормони се нормални, но сепак имате вакви симптоми, потребно е да вклучите повеќе храна со јод, зелени зеленчуци, храна богата со железо, па ако треба и дополнително да се зема железо како додаток во исхраната.
Инсулин
Покаченото ниво на инсулин, а без дијагностициран дијабетес, е симптом на синдромот на полицистични јајници, кој е една од најчестите хормонални абнормалности кај жените.
Покачениот инсулин, односно хиперинсулинемијата, предизвикува губење на коса, создавање акни и зголемена телесна тежина. Кај мажите хиперинсулинемијата исто така предизвикува опаѓање на косата.
Оваа состојба бара постојан надзор од лекар и секако, ограничување на внесот на јаглехидрати и јадење во ист период од денот секој ден. Редовно контролирајте го нивото на инсулин.
Естроген
Нарушувања во балансот на естрогенот е исто така причина за опаѓање на косата. Многу жени се соочуваат со ваков проблем во текот на бременоста, кој се враќа во нормала неколку месеци по породувањето. Слично се случува и со жените во полетокот на менопаузата.
За да ја контролирате оваа состојба, освен со здравата исхрана, треба да посветите внимание и да ја ограничите употребата на пластика во секојдневието, како и на козметика со парабени.