Зошто треба да спиете на левата страна на телото?

Ова се шест причини зошто е добро да се спие на левата страна на телото:

1. Ја подобрува функцијата на лимфниот систем

Лимфниот систем игра клучна улога во нашето тело, бидејќи го отстранува отпадот и токсините. Експертите велат дека најголемата жлезда на лимфниот систем се наоѓа токму на левата страна на телото, а кога спиете на таа страна, отпадот од телото се исфрла поефикасно.

Исто така, лимфниот систем е задолжен и за транспортот на маснотии, протеини и други поважни материјали за нашиот организам, а лежењето на левата страна на телото им овозможува на овие хранливи материи побрзо да дојдат до клетките.

2. Слезината подобро ја врши својата функција

Слезината е најголем орган во лимфниот систем и се наоѓа на левата страна на телото. Кога спиете на левата страна, вашата слезина работи поефикасно.

Основна причина за тоа е гравитацијата, која го поттикнува протокот на крвта во слезината и така овозможува побрзо да ги филтрира нечистотиите.

3. Се поттикнува правилна елиминација на отпадните материи

Спојот меѓу тенкото и дебелото црево се наоѓа на левата страна, па како и кај слезината, гравитацијата помага во нивната работа.

Така, спиењето на левата страна на телото го олеснува транспортот на отпадот од тенкото во дебелото црево. На тој начин се што треба да излезе од организмот преку дебелото црево, ќе излезе побрзо.

4. Може да се намали интензитетот на ноќните киселини во желудникот

Ако имате проблеми со киселини, тогаш би било добро да спиете на левата страна.

Во таа положба желудникот ќе биде сместен под срцевиот прстенесет мускул, кој се наоѓа меѓу хранопроводникот и желудникот, а задача му е да го спречи враќањето на содржината на желудникот во хранопроводникот.

5. Помага црниот дроб да не биде преоптоварен

Бидејќи црниот дроб се наоѓа на десната страна на телото, кога лежите на десна страна може да се создаде притисок на тој орган.

Затоа, ако спиете на лева страна, црниот дроб нема да биде преоптоварен со токсини и други штетни материи.

6. Добро е за вашето срце

Левата страна на срцето прима крв од белите дробови и го пумпа натаму во телото. Токму поради тоа, спиењето на лева страна може да помогне на срцето да работи полесно и поефикасно.

Кога спиете на левата страна, гравитацијата ја олеснува работата на системот за циркулација, посебно на аортата и долната шуплива вена – големата вена која се наоѓа на десната страна на рбетот.

популарносрцестранатело