Сите ние на работа ги имаме оние моменти кога многу ни се спие и кога ни кафето не ни помага, па и 10 минутно преспивање ни е доволно.
Најновото истражување објавено во Nature Neuroscience покажало дека работниот учинок на човекот се намалува во текот на денот, но тие кои преспале 30 минути го спречиле тоа намалување. Тие луѓе пак кои преспале 60 минути, не само што го спречиле намалувањето, туку и ги подобриле своите перформанси.
Авторката на студијата за New York Times изјавила дека краткото преспивање дава различни поволности.
-Краткото спиење може да има ист ефект како и редовното спиење само ако е квалитетно, кажала таа.
Долгото спиење може да предизвика чувство на поспаност, но доколку тоа трае помеѓу 20 и 60 минути, може да помогне во подобрување на помнењето и учење на одредени детали. Причината поради која не треба да се преспива повеќе од 60 минути е тоа што тогаш организмот влегува во РЕМ фазата.
Ова не е единственото истражување кое се занимавало со ефикасноста на овој вид на сон.
Во Центарот за истражување на сонот во Универзитетот УЦЛА, доктор Џер Сигм кажал за значењето на дневното преспивање, но и дека ноќниот сон има голема улога.
-Дневното спиење секако дека ја зголемува будноста, но тоа не е едноставно како да отидеш до бензинска пумпа и да наполниш бензин, кажал тој.
На жените им е потребен сон за 20 минути подолг од мажите. Најдобро време за преспивање, според невролозите, е работното време.