Дури и античките Грци и Римјани ја познале вредноста на зелената салата и исхраната редовно им била збогатена со овој зеленчук.
Хипократ, грчкиот лекар и татко на медицината, на зелената салата и препишал силни лековити својства. Во Античка Персија била ценета како храна која обезбедува мир на умот.
Во минатото ја нарекувале како “трева на мудреците”. Марулата е извор на многу хранливи состојки важни за здравјето – богата со витамини А, Ц, Е, Б1, Б2, Б3, Б6, фосфор, калциум, магнезиум, железо и бакар. Кај зелената салата важи правилото: потемни листови, поголема хранлива вредност.
Многу фанови на салата имаат навика да ги фрлаат првите надворешни листови. Но тоа е апсолутно погрешно, бидејќи надворешниот дел содржи двојно повеќе витамин Ц од внатрешниот.
Марулата е најдобро да се јаде свежо набрана бидејќи ги губи минералите и витамините.