Зошто треба да јадете кисела зелка?

Расолот, односно сокот од кисела зелка, содржи големи количини на витамини B,C,E,K и минерали како што се калиум, калциум, фосфор, сулфур, бакар, цинк и магнезиум.

Добар е за настинка и за зајакнување на цревната флора, за артериосклероза и за висок крвен притисок, за лекување на астма, реума, чир на желудник, а преку тие придобивки се чисти кожата и се зајакнува имунитетот, но исто така велат дека помага и при разни видови на карцином.

Киселата зелка всушност е една од ретките намирници, кои имаат витамин В12. Можете да ставате зелена или црвена зелка во расол, но црвената е многу побогата со фитонутриенти и витамин С, содржи антиоксиданс кој ги штити сивите мозочни клетки, па со тоа е и поздрава за јадење.

Лековитото дејство на киселата зелка може дополнително да се зголеми, ако меѓу зелката додадете и други намирници, како на пример листови од винова лоза, грозје, дуња, јаболка или анасон.

витаминикисела зелкамамурлукминералирасол