Зошто треба да јадете кикирики?

Кикириките доаѓаат од Јужна Америка и припаѓаат на семејството на мешунки, како и сојата.

Тие се добар извор на протеини и масти, а исто така имаат и висока содржина на есенцијални витамини и минерали. Олеинската киселина која што ја содржат може да го намали лошиот холестерол, па затоа кикириките се препорачуваат да се консумираат превентивно за да го спречат ризикот од мозочен удар кај луѓето.

Кикиритките помагаат при губење на тежината, а бидејќи содржат многу калории и маснотии, нивното консумирање ќе ве држи долго време сити. Друга предност на кикириките е таа што го спречуваат формирањето на каменец, а придонесува за затегнување на кожата и го подобрува расположението.

Сепак, поради нивната вредност во калории, не јадете повеќе од една рака на ден.