Зошто сушењето алишта во домот е опасно за здравјето?

Може да предизвика и рак!

Идеално е алиштата да се сушат на свеж воздух, дури и кога надвор е минус. Тие прво ќе се заледат, па исушат, но и при таквиот начин на сушење морате да внимавате на нешто…


Сушењето алишта, преку зима, во затворен простор го крева нивото на влага за 30 проценти. Тоа воопшто не е добро за домашните кои ја вдишуваат таа влага како и хемикалиите од детергентите и омекнувачите (бидејќи и тоа во мали количества испарува од алиштата за време на сушењето). Според некои истражувања, во воздухот можат да се најдат дури и канцерогени хемикалии. Покрај тоа, кај некои луѓе влагата во воздухот предизвикува главоболки и проблеми со дишењето.

„Влажната околина го поттикнува растењето на мувлата која може да ги испушта своите спори а тие предизвикуваат алергиски реакции кај некои луѓе. Мувлата и спорите на печурките обично не се видливи за човечко око. Во нормални ситуации, луѓето ако вдишат од тие спори ќе киваат или кашлаат бидејќи нашиот имунитет така се бори со нив. Но, ако не сте чувствителни на мувла, можеби никогаш нема да имате реакција на неа. Астматичарите кои се чувствителни на спорите на печурките можат најмногу да страдаат во овие ситуации бидејќи тоа ги влошува нивните симптоми“ изјавила Фена Кени од ирското здружение на астматичари за Independent.

Ако алиштата се сушат на радијатор тоа, освен здравјето на домашните, ќе го спречи и дотокот на топлина во домот, односно, ќе се намали ефикасноста на радијаторите што конечно води кон намалена температура во домот. Исто така и самата влага која испарува го прави многу поладен воздухот па во домот ќе биде многу поладно. Чувствителната облека која се става мокра на радијаторот може да се оштети, со пукање на влакната во неа.

Машината за сушење алишта е одличен избор, доколку има финансиски и просторни можности за тоа. Секој кој ги суши алиштата во машина вели дека тие стануваат исклучително меки и често не е потребно да се пеглаат бидејќи не се збрчкани како кога се сушат на воздух.

Во сувите зимски денови испраните алишта се оставаат надвор, на дворот или балконот, а тоа најдобро го знаат нашите баби на кои тоа им било секојдневие. Таквото сушење е поспоро отколку преку лето, но алиштата сепак се исушуваат, дури и ако надвор е минус. Прво ќе се заледат па постепено стануваат суви.

Само внимавајте! Замрзнатите алишта не ги превиткувајте бидејќи можат да се оштетат. Исто така, предноста на сушење на отворено е и тоа што алиштата нема да примаат разни мириси од домаќинството, како на пример, дим од цигари или пржење кромид…

алиштадомасушење