Зошто овој период е неопходно да пиете лимонада со лаванда?

Освен тоа што е летно освежување, лимонадата со лаванда може да ги опушти сите сетила. Ако имате проблеми со главоболките предизвикани од честите промени на времето, тогаш овој рецепт е совршен за вас. Не само што ќе ви ги смири симптомите, туку и целото тело ќе ви доведе во баланс.

Потребни состојки:
  • Прстофат исушени цветови лаванда (органски одгледани)
  • 1 капка етерично масло од лаванда
  • 6 лимона, олупени и исцедени
  • 1 лажица мед
  • 1.100 милилитри вода
Начин на подготовка:

Сварете половина од водата и тргнете ја од оган, па во неа додајте ги сите состојки освен лимоновиот сок. Оставете да отстои 20-тина минути, а потоа исцедете и сипете во поголем сад. Додајте го лимоновиот сок, заедно со останатата половина од водата и добро промешајте. Оставете да се олади и послужете.

 

лавандалимонадаосвежувањепопуларно