Зошто некои пушачи живеат и по 100 години?

Научниците долго време ги проучувале пушачите кои долго живеат и забележале дека тие имаат една заедничка работа.

Сите пушачи знаат дека нивните навики го загрозуваат здравјето и ризикуваат за побрза смрт. Но, некои пушачи покрај тој ризик живеат подолго. Американските научници откриле дека некои пушачи доживуваат длабока старост иако пушат, а за тоа може да им се заблагодарат на гените на долговечноста.

Ним тие гени им овозможуваат да бидат отпорни на штетните работи во цигарите, но и општо на сите загадувања околу нив.

Оние кои имаат такви гени имаат и водено 11% помали шанси да добијат некаков вид рак.

-Кај долговечните пушачи откривме генетски маркери, кои исто така се и маркери кај луѓето кои доживуваат длабока старост, а не се пушачи. Тие гени функционираат така што поттикнуваат брзо заздравување на станиците и подобра отпорност на низа штетни влијанија, на кои се изложени луѓето, вклучувајќи го и пушењето – изјавл научникот Морган Левин.

годининаучниципопуларнопушачи