Зошто некои луѓе здраво се хранат, а пак се дебелеат?

Луѓето се се повеќе дебели и покрај здравата исхрана, покажува една американска студија. Прашањето е зошто? Телото е осетливо на ефектот од маснотии, шеќер и алкохол … а кон сето тоа големо влијание има седечкиот начин на живот.

Истражувачите откриле дека просечниот човек внесува 600 калории помалку од 30 години, што претставува пад од 20 отсто, но повторно повеќе се дебелее. Низ бројки – 20 отсто намалување на внес на калории е исто како хамбургер и помфрит од ресторан за брза храна. Факт е дека свеста за здравата исхрана расте, многу закуски и слатки се сведуваат на на разумно ниво. Главната причина според истражувањето е физичката неактивност. Седење на работа, во автомобил а во вечерните часови пред телевизискиот екран. Затоа препораката е убавиот период од денот да се искористи за одење и рекреација.

дебелиназдрава храналуѓемаснотии