Зошто не треба да пиете кафе веднаш по будењето?

Една шоља утринско кафе пред да внесе нешто друго, му прави вистински шок на организмот и телото, но не во позитивна смисла. Чистото, црно кафе на празен желудник стимулира излачување на хлороводородна киселина во дигестивниот систем, а ова многу брзо ќе го почувствуваат оние кои се склони кон гастритис. Доколку мислите дека сте безбедни бидејќи немате проблем со органите за варење, веројатно не сте во право, бидејќи ситуцијата со споменатата киселина ќе ви направи проблем во варењето на останатите оброци ако не појадувате пред да пиете кафе.

будењедоручекжелудниккафе