Зошто не треба да го носите мобилниот телефон во предниот џеб!

Со проучување на влијанието на мобилен телефон, зрачење и плодност, британски истражувачи проучиле 10 истражувања на оваа тема и заклучиле дека мобилните телефони влијаат на бројот на сперматозоиди. Не откриле директна врска меѓу радијацијата и плодноста, но велат дека сигурно влијае на бројот на сперматозоиди пренесува Huffington Post.
Квалитетот на спермата се оценува со комбинација на три фактори – мобилност, одржливост (бројот на одржливи сперматозоиди во примерок) и концентрација. Стандардна мерка на бројот на сперматозоиди кај плодни мажи е 15 милиони сперматозоиди на милилитар сперма, 40 отсто подвижност и 58 отсто одржливост.
Истражувачите откриле дека поради електромагнетното зрачење од мобилни телефони, подвижноста на спермата е намалена во просек за 8,1 проценти и одржливоста на 9,1 проценти.
Но истражувачите истакнуваат дека само затоа што еден човек има помал брои сперма не значи дека не може да добие дете по природен пат.
– Не мислам дека мобилните телефони одеднаш ќе ги направат мажите неплодни. Но, фактот дека квалитетот на спермата во последните 10-20 години е значително намален а бројот на безжични уреди е зголемен, значи дека оваа област под итно мора да биде истражена констатираат истражувачите.
Најлесната работа што можат да ја напорават мажите е телефонот да го држат подалеку од гениталиите.

мажимобиленплоднострадијацијаспермаџеб