Зошто не треба да ги фрлате старите кесички чај?

Многу се корисни и по утробета

За многу луѓе, кесичките од чај се користат само еднаш. Една кесичка = една шолја чај, а потоа се фрла. Чајот не само што е добар за нашето здравје, тој е добар и за нашиот џеб.

Сепак, не знаат сите како повторно да ги користат кесичките од чај.

Сварете посилен чај

Ако сакате вашиот чај да има посилен вкус, зачувајте ги старите кесички и додајте една во наредната нова шолја чај. Иако не се свежи, старите кесички ќе додадат повеќе вкус во новиот чај. Оваа техника функционира за секој вид на чај, но најдобра е за зелените и црвените чаеви. Белиот чај е во суштина идеален да се користи на овој начин.

Додадете ги во паста и житарки

Откако ќе го сварите кесичето чај, повторно можете да го искористите за друга храна. Пред да варите паста, ставете ја кесичката во водата и оставете да зоврие. Пред да ја ставите пастата да се вари извадете ја ќесичката. Пробајте со чај од јасмин или камилица кога готвите ориз или зелен чај со паста.

 

Исчистете ги килимите

Искористете ги кесичките чај да ги деодорирате покривките за подот. Чувајте ги старите кесички за чај во фрижидер во шолја со вода за да не се расипат се додека немате доволно кесички да го покриете материјалот кој сакате да го исчистите. Извадете ги ливчињата од кесичките и оставете да се исушат малку. Потоа попрскајте го килимот со ливчиња и оставете целосно да се исушат. Оставете да постојат неколку часа и исчистете ги.

Неутрализирајте го мирисот во домот

Искористените кесички се супер за непријатните мириси во домот. Ставете ги искористените кесички за чај во фрижидер за да мирисаат свежо. Ставете неколку исушени стари кесички чај на дното на кантите за ѓубре за да го неутрализирате мирисот.

Избркајте ги штетниците во домот

На глувците не им се допаѓа мирисот на чај. Ставете стари кесички чај секаде каде што мислите дека можат да се појават. За поголема заштита, попрскајте ги кесичките чај со масло од пеперминт.

Убав мирис на рацете

По приготвувањето на лук, кромид, риба или друга храна која не мириса толку пријатно, искористете ги старите кесички чај да ги исчистите своите раце од овие непријатни миризби.

 

Антиоксидантна бања

Затоа што чајот содржи антиоксиданти, бањањето во топла вода со ќесички чај е супер за вашата кожа. Додадете ги кесичките чај во кадата полна со вода и овозможете си домашна ароматерапија.

Смирете ја иритираната кожа

Искористените кесички чај се супер начин природно да се справите со иритациите на кожата. Нанесете ги на подуените очи или масирајте ги поблагите изгореници од сонцето со нив.

Домашно средство за чистење на стакло

Сварете ги повторно старите кесички чај и со водата попрскајте ги прозорите, огледалата и другите стаклени површини. На крај поминете со чиста крпа.

Третирајте ги црните кругови околу очите

Чајот помага кај уморните очи. Ставете ги старите кесички чај во многу ладна вода и нанесете ги пред спиење.

 

Исекотини на кожата

Кога имате мала исекотина од која тече крв, ставете стара кесичка чај за да ја олесните болката и да го спречите крварењето.

Акни

Чистете го лицето со искористена кесичка зелен чај. Пред да ја нанесете, измијте го лицето со лосион, па ставете ги кесичките и оставете да постојат 10 до 15 минути.

кесичкиупотребеничај