Недостатокот на физичка активност го зголемува ризикот од хронични заболувања, дијабетес тип 2 и срцеви болести. Новото истражување потврдува дека ризикот се зголемува само за две недели телесна неактивност.
Кај група млади, здрави и физички активни лица кои ја почитувале препорачаната физичка акивност, за само 14 дена седентарен начин на живот резултирал со мали, но забрзани намалувања на мускулната маса и зголемени телесни масти, што докажано може да го забрза развојот на хронични болести, а потенцијално може да доведе до прерана смрт.
Дво неделната неактивност кај учесниците на оваа студија предизвикала дебелеење, забавување на метаболизмот и забрзан губиток на мускулна маса. Освен тоа, кардиоваскуларната кондиција драстично им паднала, па не можеле да трчаат поолго време со ист интензитет како во претходните студии.
Лидерот на студијата Д-р. Ден Катбертсон и неговите соработници од Универзитетот Ливерпул ги презентирале своите сознанија на конгресот за дебелина во Португалија.
Во моментов советуваат, возрасните лица помеѓу 18 и 64 години, да имаат барем 150 минути умерена или 75 минути интензивна физичка активност неделно. Податоците од американскиот центар за контрола на болести и превенција покажуваат дека помалку од 50 отсто од возрасните лица ги почитуваат препораките.