Влажните марамчиња се најбрзиот и наједноставен начин за отстранување на шминка на многу жени.
По отстранувањето на шминката на овој начин секогаш треба да го измиете лицето со чиста вода, тврдат британските дерматолози. Тие на лицето секогаш оставаат траги, што постепено ги затвараат порите, ја сушат и иритираат кожата.
Кога го чистите лицето со вакви марамчиња, посебно во делот околу очите, ги поттикнувате полесно да создадат брчки. Иако, по состав се слични на гелот за отстранување шминка, содржат и алкохол што и штети на кожата.
Затоа користете ги само кога морате, на патување, кампување или теретана. Професионалците советуваат дека влажни марамчиња треба да избегнуваат личности со сува и осетлива кожа, зашто и малку иритирано место ќе добие на интензитет, токму од марамчињата.
Ако сте се навикнале на овој брз и едноставен начин за чистење на лицето, барем избегнувајте го делот околу очите и устата. По нивно користење задолжително измијте го лицето и нанесете хидратантен крем. Избегнувајте парфимирани, зашто содржат агресивно иритирачки состојки.