Нутриционистите истакнуваат дека иако бананите се чинат како совршена опција за брз доручек, тоа воопшто не е така.
Ако јадете само една, бананите не се најдобра опција бидејќи во себе содржат до 25 проценти шеќер и припаѓаат во групата на умерено кисели намирници.
Најдобар начин за започнување на денот е доручек кој согорува маснотии, и кој ќе ви даде доволно енергија за да издржите до следниот оброк. Иако бананите ќе ви дадат краток енергетски импулс, брзо потоа ќе почнете да чувствувате умор и глад.
Бананите се повеќе створени за ужинка, откако веќе имате изедено конкретен оброк, бидејќи самите не се доволни за започнување на денот.
Чувството на умор и глад по јадењето на банана за доручек можете да го спречите ако бананата ја комбинирате со храна полна со здрави масти, како авокадото.
Бананите припаѓаат на групата кисели намирници, а оваа киселина треба да се неутрализира за да може да ги добиеме сите бенефиции од бананата како што се калиум, растителни влакна и магнезиум, а не шеќер кој предизвикува само краток енергетски импулс.