Зошто мажите треба да јадат повеќе морков?

За морковите веќе одамна е познато дека се сојузници на добриот вид, но едно неодамнешно истражување на Универзитетот Харвард покажа дека тие може да ја подобрат плодноста кај мажите.
Генерално, овошјето и зеленчукот со портокалова боја е богато со бета-каротен кој ја штити спермата од ДНК оштетување, но морковите убедливо имаат најголемо влијание врз здравјето на сперма, стои во извештајот. Научниците го анализирале квалитетот на спермата кај повеќе од 200 мажи во однос на нивните навики во исхраната и откриле дека антиоксидансите во морковите, особено витамин А, може значително да ги подобри нивните шанси да станат татковци.
Најголемото влијание на морковот е во подобрување на спермата и зголемување на нејзината мобилностза осум проценти, што прави полесно да се оплоди јајце клетката. Покрај тоа, истражувачите го анализирале влијанието и на други видови овошје и зеленчук врз спермата и констатирале дека компирите и бостанот влијаат на квалитетот и вкупниот број на сперматозоиди, а доматите го намалуваат бројот на абнормални сперматозоиди.

зеленчукмажиморковспермасперматозоиди