Зошто мажите се вртат по други жени?

Научниците сметаат дека вртење по други жени е невин потег, но и сосема природен за мажите.

Поголемиот број од жените не поднесуваат кога нивниот партнер гледа на страна, а неговото „снимање“ со поглед предизвикува лутина и бес.

Сепак, науката опоменува дека ова е сосема нормална работа, и оти треба да им се дозволи на мажите да гледаат во други жени.

Поради функциите

Познато е дека мажите уште од минатото се склони на пронаѓање сексуален партнер за да ја продолжат расата. На ист начин нивниот мозок функционира и денес. Затоа во природа им е да се вртат по „женки“, дури и ако воопшто не сакаат да ја оплодат.

Тестостеронот има голема улога

Дали сте знаеле дека мажите во своите вени имаат шест пати повеќе тестостерон од жените? Овој хормон ја намалува контролата на импулсот, поради што може да се каже дека мажите прво гледаат, а дури потоа размислуваат.

Ги привлекуваат нови работи

Многу истражувања досега покажале дека жените чувствуваат привлечност према познати личности. За разлика од нив, мажите ги привлекуваат нови и непознати работи, кои се уште не ги виделе. Затоа имајте предвид дека вртењето по други жени е сосема нормална работа и да се работи за најобична љубопитност.

вртењеженимажинаучниципотег