Зошто мажите не сакаат жени со многу шминка!

Мажите не преферираат жени со лажен потемнет тен и со пренагласена шминка, покажуват резултатите од анкетата на британскиот весник „Д Сан“.

Триесет и пет проценти од мажите тврдат дека жените со лажен тен и со премногу шминка на нив им изгледаат непривлечно.

Повеќе од 50 отсто од мажите изјавиле дека преферираат шминка, која ја истакнува природната убавина на жената.

Околу 25 отсто од мажите велат дека не сакаат нападни чевли со мошне високи потпетици.

Анкетата покажа дека 47 отсто од мажите преферираат жени во фармерки и обична маица.

анкетаженимажишминка