Зошто и кога се будиме пред алармот?

Целодневниот ритам ги опфаќа сите хронобиолошки процеси кои се случуваат во нашиот организам во текот на 24 часа, што го подразбира и ритамот на спиење односно будноста.

Општо е познато дека доколку во исто време одите на спиење и секое утро станувате во исто време, телото стекнува таква навика.

Циклусот на спиење го регулираат и одредени протеини, а на нивото на будност влијаат и крвниот притисок и отчукувањата на срцето. Кога ќе се воспостави стандарден ритам во времето на спиење и будење, нивото на протеини во телото се зголемува кога ќе дојде време за алармот.

Количеството на протеини почнува да расте еден час пред будењето, што е причина зошто некогаш се будиме пред алармот.

Ако го преспиете алармот, значи дека не сте доволно наспани или дека не спиете редовно. Будењето во различно време може да го наруши и внатрешниот ритам.

Оние кои одат на спиење и се будат секогаш во исто време, тоа ќе го прават и за време на викендите, поради што ќе се чувствуваат и поодморно.

алармбудењепопуларноспиењесрце