1. Повеќе енергија
Изложеноста на ладни температури, пример прошетка во ладно време, ќе ве исполни со енергија па ќе бидете „енергични“ и откако ќе се вратите на топло. За студеното време да има таков учинок не морате многу долго да бидете изложени. Доволна е и кратка прошетка.
2. Подобар сон
Луѓето кои страдаат од несоница имаат висока телесна температура, па спиењето во ладни простории, на идеална температура од 16 до 21 степени Целзиусови, ќе им помогне за подобар сон.
3. Согорување на калории
Студеното време поттикнува на согорување на калории во темното масно ткиво. Темното масно ткиво произведува топлина и согорува маснотии. Кај бебињата тоа служи за регулирање на телесната температура, додека кај повозрасните се наоѓа во помали количини.
4. Мозокот работи подобро
Докажано е дека на високи температури луѓето ретко донесуваат големи и сложени одлуки. Топлото време бргу ги исцрпува нашите резерви на глукоза, а бидејќи глукозата ја користиме во менталните процеси, нејзиниот недостаток влијае на нашата способност во донесување на одлуки.
5. Подобро дишење
Во есен и зима воздухот е со подобар квалитет отколку во пролетта и летните месеци. Поради свежиот и чист воздух во овој период од годината е идеално за престој во природа, долги прошетки и длабоко дишење.
6. Совршено за трчање
Дали некогаш сте се запрашале зошто маратоните се одржуваат доцна есента? Бидејќи на пониски температури трчањето е полесно и попријатно. Трчањето по топло и влажно време дејствува многу исцрпувачки за нашето тело. Истражувањата докажале дека по ладното трчиме побргу, што значи дека во краток временски период можеме да согориме повеќе калории.
7. Помалку воспаленија и инфекции
Воспалението на мускулите често се ублажува со ставање на мраз на отеченото и болно место. Истиот ефект го имаат и ниските температури на воздухот. Многу атлетичари во лечење на воспалението и повредите користат криотерапија, односно терапија со мраз – излагање на екстремно ладни температури. Престојот надвор не прави поотпорни.
8. Подобро се чувствуваме
На ладното време не мораме да се грижиме околу тоа како изгледаме во костими за капење, што ни ја крева самодовербата. А тоа е и период од годината кога размислуваме за вежбање.
9. Повеќе ги цениме деновите кои доаѓаат
Истражувањата покажале дека луѓето кои живеат во подрачја каде секогаш е топло и сончево не се посреќни од другите. Луѓето се со најдобро расположение после подолг студен период.
10. Нема инсекти
Ниските температури ги убиваат инсектите како што се комарците, што значи дека не мораме да се браниме од нив како во летниот период.