Пилешкото е немрсно месо, што значи дека има малку маст а многу протеини. Обилува со цинк, кој допридонесува за одржување на здрав апетит.
Покрај цинк, пилешкото месо обликува со фосфор и калциум, кој е добар за коските. Содржи и холестерол но и витамин Б3, кој допридонесува за намалување на холестеролот.
Исто така обилува со бројни минерали, кои го подобруваат имуниот систем, и има аминокиселини кои се добри за раст на децата.
Витаминот Б5 позитивно влијае на намалување на стресот, додека витаминот Б6 придонесува за намалување на ризикот од срцев удар. Конзумирањето на пилешко месо може да ви помогне и да се изборите со ПМС-от.