Зошто е добро да пиете две до три шољи кафе на ден?

Премногу кофеин може да предизвика несоница, немир и забрзана работа на срцето, во поголемиот дел од случаите кафето е всушност благотворно за здравјето. Има многу намирници и напитоци кои луѓето би требало да ги консумираат помалку, а специјализираниот портал “Science Alert” пишува зошто кафето не треба да биде на таа листа.

Бoлести на срцето

Анализата која ги споредувала резултатите од 200 истражувања покажала дека луѓето кои консумираат три или четири шолји кафе дневно имаат 19 отсто помал ризик да се соочат со смрт од кардиоваскуларни болести.

Поздрав црн дроб

Девет научни истражувања покажале дека кафето го намалува ризикот од цироза на црниот дроб. Една шолја кафе дневно го намалува тој ризик за 22 отсто, две за 43 отсто, три за 57 отсто, а четири за дури 65 отсто.

Дијабетес тип 2

Едно големо истражување покажува дека секоја дополнителна шолја кафе на ден е поврзана со седум отсто помал ризик на развој на дијабетес тип 2.

Депресија

Едно големо истражување кое било спроведено на 50 илјади жени покажало дека една шолја кафе го намалува ризикот од развој на депресија за 15 отсто, а две до три шолји дневно за 20 отсто.

болестиистражувањекафесрцешољи