Ананасот е едно од најздравите овошја.
Одличен извор е на бромелаин, ензим кој учествува во разградувањето на протеините и превенцијата на низа болести.
Досегашните истражувања покажале дека ананасот може да ја ублажи кашлицата и дека е дури 5 пати поделотворен од сирупите против кашлица.
Ананасот се покажал одличен во превенцијата и лекувањето на различни видови на рак, бактериски и вирусни инфекции.
Сирупот од ананас содржи двојно повеќе витамин Ц отколку што му е потребно на вашето тело во еден ден.
Овој сируп е многу добар извор на манган кој учествува и во изградбата на врзивно и коскено ткиво, во разградувањето на масти и шеќери и во одржувањето на работата на нервниот систем.