Знаете ли која храна ве прави постари?

Што треба да избегнувате

Секоја храна што ја јадеме секојдневно има влијанија врз нашиот организам, биле тие позитивни или негативни.

Ако јадете погрешна храна, може да се изгледате или чувствувате десет или повеќе годни постари отколку што навистина сте. И обратно, со вистинските оброци, со текот на времето може да постигнете ефект да изгледате пет до десет години помладо од вашата вистинска возраст.

Но, кога зборуваме за процесот на стареење, тука не мислиме само на брчките на кожата, или на белеењето на косата. Тука, пред сè мислиме на факторите што не можат да се видат, како функцијата на вашите органи и дали вашите зглобови полека „откажуваат“.

Во храна што ни додава години спаѓаат сите производи од пченица. И покрај тоа што голем број големи компании секојдневно нè уверуваат дека пченичните производи се едни од најздравите, едно истражување покажало дека токму тие содржат еден вид на јаглехидрат – Amylopecin-A, кој го нема во други производи. Овој јаглехидрат го зголемува нивото на шеќер во крвта многу повеќе од една коцка шеќер на пример. Всушност, Amylopecin-A го зголемува шеќерот во крвта многу повеќе од било кој јаглехидрат чиј извор е земјата (како компирот на пример), покажуваат научни студии.

Тоа значи дека производите како зрнеста храна, леб, ѓеврек, мафини и други печени работи многу често предизвикуваат многу висок шеќер во крвта, отколку други извори на јаглехидрати.

Затоа, пченицата заменете ја со пченка. Пченкарните производи се исто вкусни, а ќе придонесат за вашето подмладување. Покрај тоа, во исхраната и одржувањето на годините ќе ви помогнат и:

-цимет и лимон што го регулираат нивото на шеќерот во крвта

– растителни производи

-месо, но во ограничени количества и без маснотии

-зеленчук

-природните шеќери се секогаш подобар избор од вештачките

-протеини

избегнуватестареењехрана