Житарка што го забрзува метаболизмот, го чува срцето и го чисти телото од токсини

Јелена Ѓоковиќ секој ден ја јаде

Киноата уште се нарекува и „злато на Инките“ или „кралица на семките“. Древните цивилизации ја сметале оваа житарка за света билка, најмногу поради нејзините огромни здравствени придобивки…

Придобивки на киноата

Киноата содржи голема количина на протеини поради што може да се спореди со производите од животинско потекло. Изобилува со витамин Е, Ц, калиум, разни минерали, аминокиселини и етерични масло.

Народната медицина ја користи киноата за лекување гихт, тумор, хемороиди и ишијас.

Чајот од киноа може да се користи за дезинфекција на устата и непцата, а има и смирувачко дејство, па се користи за лекување депресија и невроза.

Ако имате проблем со кашлица или настинка, киноата може да ги смири овие симптоми.

Киноата содржи многу аминокиселини и протеини, а не содржи глутен.

Ова растение се користи како лаксатив и може да го излечи хроничниот запек.

Киноата е одлична замена за месо. Ако постите или сте вегетаријанци, задолжително додадете ја киноата во вашата исхрана. Киноата изобилува со влакна кои се неопходни за правилна работа на цревата.

Народната медицина уште ја користи киноата за лекување кожни болести, реума, а поради високото количество на калиум, таа позитивно влијае и врз кардиоваскуларниот систем.

Киноата како кулинарско чудо
Вегетаријанците знаат за што зборуваме кога велиме дека киноата е вистинско кулинарско чудо. Ако се додаде во зелка, компир или друг зеленчук, ќе добиете полн вкус што се добива само со готвење месо. Корисните карактеристики се манифестираат и во присуството на витамини и аминокиселини кои го подобруваат метаболизмот, го прочистуваат организмот и ја нормализираат неговата функција. Поради тоа што нема одреден мирис, во јадењата се додаваат кромид, лук и други зачини.

Рецепти
Зеленчук со киноа
Состојки:

200 грама киноа
200 грама карфиол
200 грама брокули
200 грама моркови
1 главица кромид
1 чешне лук
зачини
сол и бибер
Приготвување:

Варете ја киноата во вода околу 15-тина минути. Сварете ги карфиолот и брокулите. Во тавче со малку масло продинстајте кромид и изрендан морков, па додајте ги карфиолот и брокулите. Сето тоа динстајте го околу 10 минути, па додајте ја исцедената киноа во оваа смеса, зачините, сол и бибер.

Песто со киноа
Состојки:

200 грама рукола
1 врзоп свеж магдонос
100 милилитри маслиново масло
100 грама семки од тиква
200 грама варена киноа
Приготвување:

Во блендер сомелете ги руколата и магдоносот, додајте масло, семки од тиква и сол, па сето тоа мешајте го додека не се претвори во соединета смеса. Додајте киноа во пестото и уживајте во необичниот вкус.

ѓоковиќжитаркајеленакиноа