1. Вагината може да стане преголема за тампон
По појавувањето на првата менструација, немојте ни да се обидувате да користите тампон, бидејќи постои голема веројатност да доживеете непријатно искуство.
Не грижете се, тоа е само привремена состојба која може да потрае неколку месеци по породувањето. Станува збор за последица за растегнување и ширење на вагината по породувањето на која и треба да се врати во нормалната состојба.
2. Нема да можете да го контролирате испуштањето на гасовите
Породувањето и тоа како остава траги на вашето тело, особено на делот кој се поврзува со карлицата и нејзините мускули. Тие стануваат послаби од што биле, што може да доведе до непријатна појава на неконтролирано испуштање на гасовите, без предупредување.
Оваа појава е многу честа, но добра вест е таа што мускулите постепено ќе зајакнуваат и ќе се вратат во нормала, а непријатноста ќе исчезне.
3. Можеби ќе пуштите урина во гаќите
Пак станува збор за слабеење на мускулите на коските во карлицата кои во текот на породувањето поминуваат низ многу големи промени. Токму поради тоа многу новопечени мајки не можат во целост да ја контролираат бешиката.
Тоа значи дека кога ќе кивнете, ќе се закашлате, ќе кренете товар или гласно и од срце ќе се насмеете постои опасност да пуштите неколку капки урина во гаќите, барем додека мускулите не зајакнат.
4. Можат да ви пораснат стапалата
Во текот на последните месеци од бременоста нозете често отекуваат, а стапалата стануваат пошироки и поголеми, што по породувањето се враќа во нормала. Но, постои веројатност стапалата да ви станат и останат поголеми од периодот пред бременоста.
Стапалото може да порасне и за еден број, а што ја предизвикува оваа, за жените непожелна појава, не се сигурни ниту научниците.
5. Интимните делови може да ја променат бојата
Силните хормонални промени кои се случуваат во телото на новопечената мајка телото ги изразува на разни начини. Еден од нив е значајно потемната кожа на брадавиците, како и на подрачјето околу вагината и анусот.
И додека кај некои жени оваа појава по одредено време исчезнува, овие другите ќе мора да се помират со уште еден „дар на природата“.