Жени внимавајте, контрацептивните апчиња не се здрави

Апчињата за контрацепција, имаат негативен ефект врз целокупното здравје на жените, покажа голема студија на шведски научници од Каролинскиот институт и Стокхолмското економско училиште. „

Во рамките на истражувањето, 340 здрави жени на возраст меѓу 18 и 30 години во рок од три месеци добивале или плацебо, или контрацептивна пилула која содржи етинилестрадиол и левоноргестрел – најчестите форми на апчиња за контрацепција во Шведска и голем број на други држави . За време на експериментот, ниту доброволките ниту лекарскиот тим знаеле која жена каква пилула прима. На крајот на студијата се покажало дека жените кои земаат контрацептивни пилули, го оценуваат квалитетот на живот како значително понизок од оние кои примале плацебо. Контрацептивите влијаеле негативно претежно на аспекти како расположението, самоконтролата и енергичноста. Од друга страна, сепак апчињата не влијаеле на заживување на симптомите на депресија. Авторите на истражувањето предупредуваат дека бидејќи промените што се случиле по апчињата се релативно мали, податоците од нивната студија треба да бидат толкувани повнимателно.

Контрацепцијата, користена при испитувањето е најпосакувана во многу земји, бидејќи се верува дека има најмал ризик за здравјето. Научниците сепак наведуваат дека нивната студија е валидна само за овој вид контрацепција и не испитувала други видови апчиња.

апчињажениконтрацепцијапопуларно