Жената е најважна за здравјето на мажот!

Мажите повеќе му нанесуваат штета на својот организам од жените и повеќе одбиваат да се соочат со сопствените слабости – пиејќи и пушејќи повеќе од жените, а поретко одат и на лекар.

– Мажите на своето тело гледаат како на оружје. Одат на лекар само кога чувствуваат дека нешто не е во ред или кога навистина чувствуваат болка, вели врвниот германски уролог Теодор Клоц.

Овој заклучок е резултат на студијата која е спроведена под патронат на германската Влада.

Според Клоц, мажите одат на лекарски преглед само кога се сериозно болни. Но, одењето на лекар сепак не покажува точно колку луѓето всушност се здрави.

Клоц наведува пет причини кои се во значајна корелација со здравјето и не заболувањето. Најистакната меѓу нив е стабилното животно партнерство, потоа редовно вежбање, разновидна исхрана, одредена животна рутина и конечно превентивна медицинска заштита која го заокружува животниот стил.

Стабилното партнерство е многу важно, истакнуваат истражувачите, поради тоа што мажите по 40-та година посилно се насочуваат на социјалната средина и функционирање во партнерството.

– Жените можат сосема добро да живеат сами, вели Клоц, но истакнува дека голема е разликата за маж ако е во врска. – Тогаш мажот многу подобро внимава на исхраната и посветува поголемо внимание на потребата од соодветно вежбање. Од таа причина стабилната и среќна врска е многу значајна, посебно на постари години, додава Клоц.

Според студијата која ја спроведе берлинскиот Институт „Роберт Кох“, маж кој е во врска во просек живее две години подолго од самец.

болествежбањеженаздравјелекармаж