Семињата се одличен извор на витамини и протеини, како и минерали на единствени етерични масла. За нашето тело имаат лековит ефект и строго се препорачуваат за жените постари од 45 години.
Чиа семе
Богато е со омега 3 маслени киселини, дури има повеќе ид од лососот. Содржи антиоксиданси, а само две лажици од ова семе имаат 18% калциум и четири грама протеин. Имаат ниско количество на холестерол и натриум, а изобилуваат и со влакна, калциум, фосфор, магнезиум, бакар, калиум, магнам, железо и цинк.
Ленено семе
Ова семе содржи омега 3 масни киселини, антиоксиданси, минерали и витамини. Богато е со витамин Б и магнезиум. Помага во подмладување на кожата, го подобрува варењето и го отстранува вишокот килограми.
Сусам
Одличен извор на протеини, калциум и магнезиум. Во 100 грама сусам се наоѓа фолна киселина неопходна за телото на една жена. Две лажици од ова семе ќе ги зајакнат коските, зглобовите и ќе ја уништат желбата за благо. Успешно се бори против ракот и го подобрува општото здравје.
Киноа
Киноата содржи 9 есенцијални протеини, витамини, аминокиселини, ензими и важни минерали. Киноата е одлична замена за месото бидејќи содржи проетини. Помага во опуштањето на мускулите на телото и крвните садови, но помага и во борбата против ракот, дијабетесот, атеросклерозата и микробите.
Зошто да ги конзумирате овие семиња?
Жените во предменопауза и менопауза мора да ги јадат овие четири семиња ако сакаат да ги ублажат или спречат симптомите на менопауза. Овие семиња успешно ги спречуваат кардиоваскуларните болести, стареењето на кожата и коските, а ја зајакнуваат косата и ноктите.
Како да ги конзумирате овие семиња?
Пред употреба семето треба да се потопи во вода од 3 до 7 часа. Потоа ова семе се меча со овошје или јогурт и се конзумира секој ден. Ако сакате да ја почувствувате лековитоста на овие семиња, секој ден јадете по 2 лажици од секое од овие 4 семиња.