Жалфијата и магдоносот спас за подочниците

Ве мачат подочници? Ако не се условени од здравствени проблеми, туку од замор поради неспиење, страствено конзумирање на цигари илу долго седење пред компјутер, лесно можете да ги „избришете” со следните народни лекови.

– Лажица листови од жалфија прелијте ги со чаша врела вода. Оставете ја покриена 10 до 15 минути, а потоа процедете ја течноста, половина оладете ја, а остатокот загрејте го. На капаците, непосредно пред спиење, наизменично ставајте облоги натопени со топол и ладен чај. Додека ја применувата оваа „терапија” избегнувајте употреба на сол.

– Облозите од магдонос исто така ефикасно ги отстрануваат подочниците и отокот на капаците. Исецканите листови директно ставете ги на капаците, покријте ги со влажен тупфер од памук и држете ги 15 минути. Можете да направите и смеса од 2 лажичиња кисела павлака и лажиче изгмечени листови од магдонос.

Маската ставете ја на цело лице и држете ја 20 до 30 минути, а потоа измијте ја со ладна вода.

жалфијамагдоносподочниципопуларно