Зголемен број на пациенти кај матичните лекари поради драстичната промена на времето!

Завчера екстремно топло со температура над 40, синоќа заладување за 20-тина степени. Драстичната промена на времето денеска ги наполни ординациите на матичните лекари. Температурната разллика за толку кратко време лошо влијае и врз хронично болните и на здравите и млади лица.

-Денеска има зголемен број на пациенти во сите ординации на матичните лекари. Имаме и хронично болни и млади лица кои поретко доаѓаат кај матичниот лекар. Сите се жалат на главоболка, нерасположеност, поспаност, покачен или намален притисок, изјави д-р Христина Лескароска, матичен лекар.

Од средината на неделата метеоролозите најавуваат повторно затоплување. Лекарите со конкретни совети како полесно граѓаните да ги поднесат промените на времето без да имаат последици врз здравјето.

-За граѓаните полесно да ги поднесат промените на времето потребно да да водат здрав начин на живот и да внимаваат на исхраната, односно да внесуваат повеќе течности пред се вода и витамини, советува д-р Лескароска.

Доктор Лескароска потенцира дека овие совети треба да ги практикуваат и хронично болните, но и младите и здрави лица.

времематични лекарипациентипроменисимптоми