Зеленчук кој треба да го консумирате во ладните зимски денови

Сакате да го зачувате вашето здравје во овој период од годината и воедно да внимавате на својот изглед? Зеленчукот е одличен избор за да ги постигнете двете нешта, секако ако го одберете правиот за овој период од годината.

Еве дел од оној зеленчук кој треба да го консумирате во овој период кога ќе започнат студените денови, а ние сме должни нашето тело да го наполниме со енергија и здравје.

Рукола

Руколата е богата со прoтеини, витамин Б, диетални влакна, витамин А и Ц. Исто така е богата со фолни киселини, калциум, железо, магнезиум, фосфор и калиум. Најчесто се користи како додаток во салата, но исто така можете да ја искористите и како додаток за пица.

Аспарагус

Аспарагусот можете да го подготвите на повеќе начини и тоа како додаток во супа или салата, па дури можете да го искористите како меѓуоброк. Тој е богат со витамини А, Ц и Е, како и Б и Д комплекс, потоа содржи диетални влакна, протеини и железо.

Цвекло

Цвеклото можете да го подготвите во вид на салата, но истовремено можете да го искористите како додаток во супа или при подготовката на домашен сок. Цвеклото е богато со витамин Ц, железо и магнезиум. Исто така изобилува со диетални влакна, фолна киселина и калиум.

Брокула

Брокулата е најдобро да ја подготвите во супа или пак да направите некоја тестенина во која ќе ја искористите како додаток. Всушност, брокулата е една од оние намирници кои лесно се подготвуваат и затоа нема да ви биде проблем нејзиното готвење.

Инаку таа е богата со витамин Е, Ц, Б6, фолна киселина и калиум.

зеленчукзима