Јаглехидратите не се само лебот, колачите и белите печива. Со намалениот внес на јаглехидрати добиваме брзо слабеење, но тие резултати не се трајни.
Сепак, постојат и јаглехидрати кои треба да останат дел од вашата исхрана, дури и кога сте решиле да држите диета.
Целите житни зрна
Јачмен, овес, ‘рж, кафеав ориз, киноа, хељда, секогаш е подобро да ги јадете сварени или отстоени во вода, наместо да купувате житни снегулки.
Мешунки
Мешунките се одлични како додаток во чорби, салати или тестенини. Богати се со витамини, минерали и протеини, како и со здрави јаглехидрати.
Сладок компир
Тој е богата комбинација на здрави состојки. Единствено не треба да претерувате со изедената количина, бидејќи содржи доста повеќе јаглехидрати во однос на обичниот компир.
Одредени овошја
Можете да ги јадете сите овошја, по можност цели, а не блендирани во смути. Јадете што помали количини или одреден период избегнувајте грозје, банани и јаболки, доколку сакате да го намалите внесот на јаглехидрати.