Здебелувањето е штетно за срцето!

Зголемувањето на килограмите е лошо за срцето, дури и ако луѓето не се дебели. Шансите за срцеви болести се зголемуваат не само со годините, туку и со зголемување на телесната тежина, покажуваат резултатите од најновите истражувања на Универзитетот Оксфорд.

Секои пет единици зголемување на индексот на телесната маса кај жените го зголемува ризикот од срцеви болести за дури 23 отсто.

Научниците од Оксфорд откриле дека зголемувањето на индексот на телесната маса има подеднакво ист ризик од срцеви болести, како и стареењето.

Истражувачкиот тим набљудувал 1,2 милиони жени во Англија и во Шкотска повеќе од 10 години, со цел да се добијат поточни информации.

– Ризикот од срцеви заболувања е видлив и при мали зголемувања на индексот на телесна маса, а тоа не е забележано само кај дебелите жени, изјави еден од авторите на студијата, доктор Декстер Кеној.

Тој додаде дека малите промени на индексот на телесна тежина, заедно со здравиот живот, што подразбира откажување од цигари и алкохол, можат да спречат појава на срцеви болести кај голем број луѓе.

дебелинакилограмиризиксрцетежина