Британката Џема Вајл ги налутила своите соседи кога во јануари годинава им „понудила“ десетминутно секс шоу, кое не можеле да го видат, но затоа го слушале јасно и гласно.
Поради нејзиното врескање за време на сексуалниот однос, кое според соседите, било „прегласно“, Џема го добила прекарот „соседката од пеколот“.
– На 29 јануари околу пет часот наутро, Џема почна да вреска и вика додека имаше секс. Тоа сите не разбуди. Траеше десет минути, изјави еден од вознемирените соседи за „Дејли Мејл“.
Поради прегласното врескање соседите поднеле тужба против 23-годишната Џема, по што Судот и одреди мерка „забрана за гласен секс“ во нејзиниот дом во Бирмингхам. Но, Џема неодмана ја прекршила забраната, па заврши во затвор, каде одлежа два дена.
На Џема, која е мајка на две деца, затворката казна и е изречена поради „вознемирување и нарушување на јавниот ред и мир“.
Нејзините соседите освен на „врескањето во текот на сексот“, се жалат и на прегласната музика што ја пушта, трскање на вратата, викање, пцуење и расправии со нејзиното момче.
– И сето тоа го прави многу гласно, вели еден од соседите.