Министерот за здравство Венко Филипче на социјалните мрежи информира дека рано утрово срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука.
-Пациент кој неколку години боледува од тешка кардиоваскуларна болест доби шанса за нов живот. Во изминативе 24 часа околу 100 тина лекари, медицински сестри и болничари работеа заедно како тим и покажаа како беспрекорно функционира здравственитот систем, напиша Филипче на Фејсбук.
Министерот најавува повеќе детали во текот на денот.